СТАРО НАГОРИЧАНЕ - КРИВА ПАЛАНКА
1 ден САБОТА
• Поаѓање во 07:00 од паркингот пред хотел Вип ( собирање на група 06:45 ).
• Прва посета на црквата Св.Ѓорѓи црква од среден век во Старо Нагоричане. Оваа црква е позната по својата големина и импозантна градба, одлично зачуваните фрески, камениот иконостас и положбата на иконите во него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчински кој е во непосредна близина на самата црква (задржување околу 40 минути).
• По посетата групата продолжува кон Крива Паланка во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски. Овој манастир е стар повеќе од 1000 години и е посветен на чудотворец Јоаким Осоговски., овде се наоѓаат моштите на светецот ( задржување околу 2 часа). По посетата групата се упатува кон Кратово.
• Прво се сместуваме во хотел и започнуваме со ручек. Во попладневните часови се упатуваме на пешачка тура за разглед на мостовите, кулите и црквата Св.Ѓорѓи. Кратово како еден од најстарите градови на Балканот е сместен во грлото на изгаснат вулкан, а од таму доаѓа и самото име на градот. Овде ќе ја слушнете приказната за мостот на Рада и други легенди за местото.
• Вечера. Ноќевање.
2 ден НЕДЕЛА
Појадок. По појадокот групата го напушта хотелот и се упатува кон Лесновски манастир. Посета на манастирот (задржување околу 1 час).
Понудата вклучува:
• 1 ноќевање со појадок, ручек и вечера во хотел во Кратис во Кратово
• посета на Св.Ѓорѓи, старо Нагоричане
• посета на Св.Јоаким Осоговски
• пешачка тура низ Кратово со лиценциран туристички водич
• посета на Лесновски манастир
• превоз на наведената релација
• организација и водство на патувањето
Времетраење: 2 дена
Појдовна локација: Скопје (од паркингот пред хотел Вип/по договор)
Понудата не вклучува:
• влезници за културно историски споменици
• индивидуални трошоци
КОНТАКТ
Алберт Ајнштајн бр.8 / локал 1
Веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје, Македонија
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528
M. +389 72 220 528
M. +389 72 311 222