top of page

ПАТУВАЊЕ НА МАЛТА СО ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

 МАЛТА 24.06-01.07.2024 / 7 НОЌЕВАЊА 

 СО АВИОН 8 дена / 7 ноќевања 

 

Малта и малтешките острови се полни со живописни раздвижени градови, но и со неверојатни плажи, заливи и природни убавини. Можете да изберете помеѓу песочни и карпести плажи.

Главниот град Валета ќе ве воодушеви со своите импозантни ѕидови, видиковци, палати и згради, како и прекрасната катедрала Св. Џон, во која се наоѓа и една од најпознатите слики на Караваџо. Градот е целосно под заштита на УНЕСКО.

Истражувањето на островот е навистина интересно, било како дел од организирана екскурзија, или во индивидуална „режија“. Ќе наидете на прометни градови, но и ридски предели, полиња со винова лоза, многу невообичаени кактуси и прекрасно живописно крајбрежје.

Малтешката кујна е комбинација на традиционални островски специјалитети и кујни на различни освојувачи низ историјата. На Малта можете да јадете навистина добро, почнувајќи од различни видови тестенини, специјалитети од месо и риба, салати и одлични десерти на кои е тешко да се одолее. Малта е позната по своите добри вина, а производството на вино е старо колку животот на островот.

Малта е идеално поврзана со јавен превоз, со помош на Google Maps лесно може да се најдат информации за автобуси, автобуски постојки и слично. Информации за билети на следната веб страна www.publictransport.com.mt. Транспортoт на островот е одлично поврзан и можете да стигнете практично до која точка сакате.

24 јуни (понеделник)                       СКОПЈЕ - МАЛТА  

Состанок на група на аеродром Скопје во 18.45 часот. Полетувањето е во 20:55 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:40 часот. Организиран трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

25 јуни – 30 јуни                                 МАЛТА 

Појадок. Денови за одмор, уживање и капење. Можност за посета на факултативни излети... Ноќевање.

 

01 јули (понеделник)                       МАЛТА - СКОПЈЕ 

Појадок. Слободен ден. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23.15 часот. Слетување во 00:55 часот.

 

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 

-Sliema

PLAZA REGENCY Hotel 3* - Sliema: 579 € (35.900,00 мкд) / www.plazahotelsmalta.com

-St. Julian's

ALEXANDRA Hotel 3* - St. Julian's: 659 € (40.860,00 мкд) / www.alexandrahotelmalta.com

 

 ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје

  • Аеродромски такси

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

  • Сместување во хотел по избор на Малта на база 7 ноќевања со појадок 

  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

  • Организација на аранжманот

  • Локален водич на Малта

 

 ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

Ø  Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Ø  Факултативни излети: Посета на  Валета / Излет по Малта/ Посета на Гозо/ Посета на Комино и Сина лагуна

Ø  Туристичка такса се плаќа во хотелот

Ø  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø  Патничко – здравствено осигурување

ЛЕТУВАЛИШТА:

   St. Julian's

-Најголемиот и најпосетуваниот туристички центар на Малта, украсен е со интересни градби и палати од ерата на британското владеење. Има и неколку заливи, неколку песочни и карпести плажи и многу туристички капацитети. Исклучително богатиот ноќен живот се одвива во дел од градот наречен Paceville, каде што сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус од многуте клубови со различна понуда и разновидна музика.

   Sliema

-Во живописниот туристички град Слиема секој ќе најде нешто за себе, одличен шопинг, кафулиња, ресторани и спортски објекти. Слиема има прекрасно, популарно шеталиште долго 3 километри, покрај море со прекрасни згради и палати од ерата на британското владеење. Доколку сакате да се освежите и да пливате во кристалното сино море, доволно е да се симнете по скалите од шеталиштето и ќе се најдете на добро уредена карпеста плажа. Со пешачење покрај морето, можете брзо да стигнете до Сент Јулијан.

Qawra и Buggibba

Тивкото одморалиште Кавра е поврзано со соседното Бугиба. Тиe се нешто потивки од Слиема и Сент Јулијан но сепак во летните месеци на своите гости им нудат мноштво туристички капацитети, ресторани, кафулиња и продавници за сувенири. Имаат и неколку прекрасни плажи.

 

ИЗЛЕТИ:

-ВАЛЕТА

-ИЗЛЕТ ПО МАЛТА -  BlUE GROTTO - МДИНА - TA’QАLI - MOST

-ГОЗО    

-КОМИНО и СИНА ЛАГУНА

 

 НАПОМЕНИ: 

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ГОЛДЕН ТУР.

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 локал 1

Веднаш до Вардар Мебел

1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk

bottom of page