top of page

ПЛАНИНАРСКИ ТУРИ

Скопје - од Водно до кањонот Матка 

Планинарска тура од главниот град на Македонија – Скопје, преку планината Водно до кањонот Матка, едно од најживописните места во Македонија. Тежината на турата може да се прилагоди според можностите на клиентите со користење на гондолската жичара до врвот на Водно.

 

- Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Времетраење на турата: 3 до 5 часа

- Должина на турата: 18 км

- Висинска разлика: 900 метри (опција со гондола 400 метри)

- Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 


Скопје - искачување на врвот Пржар на Скопска Црна Гора 

Планинарење на најубавата планина во близината на Скопје. Турата започнува од селото Побожје или некаде во негова близина, зависно од желбата на клиентите и се искачува на сртот на планината до врвот Пржар висок 1626 метри. Симнувањето од врвот е по друга патека преку селото Бродец, каде што обично организираме ручек.

 

- Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Времетраење на турата: 4 до 7 часа

- Должина на турата: 15 км

- Висинска разлика: 1000 метри

- Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆


Национален Парк Маврово - лесна тура на планината Бистра 

Лесно планинарење низ прекрасните предели на планината Бистра. Турата започнува на надморска височина од 1650 метри, кај месноста Царевец и преку висорамнината Тонивода завршува кај месноста Фрчец. Движењето е на отворен простор, по мека подлога и прекрасни пејсажи и панорами.

 

- Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Времетраење на турата: 2 до 3 часа

- Должина на турата: 5 км

- Висинска разлика: 250 метри

- Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆


Национален Парк Маврово - посета на водопадот Дуф 

Ова е една од најфрекфентите тури во националниот парк Маврово. Започнува од селото Ростуша и води до водопадот Дуф на Ростушка Река, за кој може слободно да се каже дека е вистинско ремек дело на природата. Најголемиот дел од турата е во кањонот Дуф Дол низ уникатни предели.

 

- Тежина на турата: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Времетраење на турата: 1 до 3 часа

- Должина на турата: 3 км

- Висинска разлика: 200 метри

- Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆


Национален Парк Маврово - искачување на врвот Соколица над селото Лазарополе 

Лесна тура до едно од многуте митолошки места во националниот парк Маврово за кое што се врзани многу легенди. Движењето е низ прекрасни предели, а од врвот Соколица (1471 метар) се пружаат неповторливи глетки. Турата започнува од селото Лазорополе на 1300 метри.

 

- Тежина на турата:  ☆ ☆ ☆ ☆

- Времетраење на турата: 2 часа

- Должина на турата: 4 км

- Висинска разлика: 140 метри

- Потребна физичка подготвеност:  ☆ ☆ ☆ ☆

- Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆


Национален Парк Галичица - искачување на Елен Врв 

Лесно планинарење низ прекрасна природа и неповторливи панорами над Охридското Езеро. Искачувањето започнува од селото Велестово, одалечено 6 километри од центарот на Охрид и завршува на Елен Врв висок 1221 метар. Турата минува низ места со уникатен биодиверзитет, богата историја и фантастични предели.
 

- Тежина на турата:  ☆ ☆ ☆ ☆

- Времетраење на турата: 2 до 3 часа

- Должина на турата: 8 км

- Висинска разлика: 300 метри

- Потребна физичка подготвеност: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ 


Национален Парк Пелистер - прошетка по историска и едукативна патека 

Турата вообичаено започнува од пред Хотелот Молика на околу 1300 метри. Првиот дел од турата се протега по некогашната воена патека од првата светска војна вдолж која се поставени голем број информативни панели и макети на автентични објекти од времето на војната. Вториот дел се минува по едукативна патека вдолж која има голем број на информативни панели за биодиверзитетот во националниот парк Пелистер.

 

- Тежина на турата:  ☆ ☆ ☆ ☆

- Времетраење на турата: 2 до 3 часа

- Должина на турата: 6 км

- Висинска разлика во симнување: 300 метри

- Потребна физичка подготвеност:  ☆ ☆ ☆ ☆

- Панорами и пејсажи:  ☆ ☆ ☆ ☆ 

- Биодиверзитет: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

- Културно историски локалитети: ☆ ☆ ☆ ☆ ☆ 

Untitled.png

КОНТАКТ

Алберт Ајнштајн бр.8 / локал 1

Веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје, Македонија

T. +389 2 3139 228

T. +389 2 3139 229

M. +389 71 340 528

M. +389 72 220 528

M. +389 72 311 222

info@goldentour.com.mk

events@goldentour.com.mk

bottom of page