ЗАЛИВ НА КОСКИТЕ И СВЕТИ НАУМ
Заливот на коските е реконструирана праисториска наколна населба од XII-VII век п.н.е., поставена над платформа која ја држат дрвени колци. Тоа е новоотворениот музеј на вода, каде во водата се поставени пронајдените остатоци од древното живеалиште, нуркачка база и реконструирани тврдини од Римското Царство од II век.
На овој локалитет, на длабочина од три до пет метри се пронајдени остатоци од 6.000 дрвени колци, кои најверојатно потпирале заедничка платформа на која имало 20-тина дрвени куќарки. Според истражувањата, површината на населбата се простирал на 8.500 м2. Со оглед на тоа што биле изградени од дрва, трски и кал, живеалиштата биле подложни на пожари и биле често обновувани, на што се должи големата густина на колците (најдени се остатоци од изгорени дрва и јаглен). Платформата со копното била поврзана со подвижен мост, кој во текот на ноќта се подигал заради заштита од животни и непријатели.
07:30
Тргнување од Скопје
10:30
Разгледување на Охрид кое вклучува:
- Антички театар - кој датира од Еленистичко – Римскиот период
- Света Богородица Перивлепта - XIII век
- Самуилова тврдина – 3 век п.н.е X век
- Манастир свети Климент – Плаошник
- Свети Јован Богослов Канео – XIII век
12:00
Залив на коските
13:30
Ручек во ресторан Св. Наум
15:00
Посета на манастирот Св. Наум и можност за пловење со кајче
17:00
Заминување за Скопје
Времетраење: 1 ден во тек на целата година
Големина на групата: минимум 2 лица
Појдовна локација: Скопје (со договор при резервација)
Вклучува: транспорт, пијалоци за време на патувањето, ручек, целосна придружба на професионален туристички водич за сите знаменитости (со вклучени влезници), возење со кајче
Цена: по барање и во зависност од бројот на учесници
КОНТАКТ
Алберт Ајнштајн бр.8 / локал 1
Веднаш до Вардар Мебел
1000 Скопје, Македонија
T. +389 2 3139 228
T. +389 2 3139 229
M. +389 71 340 528
M. +389 72 220 528
M. +389 72 311 222